Попоски во Њујорк организира министерски состанок на ЦЕИ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој во Њујорк учествува на 70. заседание на Генералното собрание на ОН, организираше работен ручек на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).
Како што соопшти МНР, за време на разговорите беа разменети мислења за имплементацијата на Резолуцијата на Генералното Собрание на ОН за јакнење на соработката меѓу ОН и ЦЕИ, особено на линија на воспоставување редовни годишни состаноци меѓу ЦЕИ и другите регионални организации и агенции на ОН активни во ЦЕИ регионот. Исто така, беше поздравена Заедничката изјава на земјите членки на ЦЕИ за поддршка на пост 2015 Развојната агенда, со која се зголемува визибилитетот на ЦЕИ во рамки на ОН, приложена од страна на Република Македонија во име на Иницијативата.
На состанокот, како што се наведува во соопштението, стана збор и за мигрантската криза која претставува предизвик за голем број членки на ЦЕИ, како и за други прашања од регионален интерес.
Работниот ручек бил искористен и за размена на мислења за претстојните активности во рамки на македонското претседавање со ЦЕИ, како Парламентарното собрание на ЦЕИ, Самитот на премиерите на земјите-членки на ЦЕИ, како и за превземањето на претседавањето од страна на Босна и Херцеговина идната година.
Министерот Попоски исто така зеде учество на Настанот на високо ниво, „Мировни операции на ОБСЕ“. Тој нагласи дека ОБСЕ продолжува да има специјална улога во потполна синергија со другите меѓународни и регионални актери во резолуцијата на кризи и конфликти во областа на ОБСЕ, а засновани на платформата за безбедносна соработка и други релевантни ОБСЕ документи.
- Дејствијата на меѓународната заедница во југоисточна Европа беа одличен пример за добрата поделба на труд и координација помеѓу ОБСЕ и други меѓународни актери – пред се, ОН, НАТО и ЕУ, потенцира министерот Попоски.
Оваа соработка, нагласи тој, придонесе кон понатамошен развој на компаративната предност на ОБСЕ.
- Во овој контекст, Македонија е спремна да ги сподели своите позитивни искуства во превенцијата на конфликти и помирување во рамка на меѓуетнички и мултирелигиозно општество, рече Попоски.
Министерот Попоски имаше свое обраќање и на Дебатата на високо ниво на тема: „Одржување на меѓународниот мир и безбедност” во рамки на Генералното собрание на ОН. Подвлече дека треба да се фокусираме на зајакнување на капацитетите на Обединетите нации да дејствува превентивно, наместо да се справува со последиците што значи дејствување кај корените на конфликтите и навремено справување со нив.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе