Попоски на состанок во Стејт департментот за борба против ИСИС
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, на покана на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, кој денеска ќе се одржи во Стејт департментот во Вашингтон.
- Министерскиот состанок има за цел да се поттикне интензивирање на меѓународните напори во борбата против Исламска држава во одделни области во Ирак и Сирија кои сé уште се под нивна окупација и да се зголеми притисокот и да се ограничи нејзината мрежа на функционирање, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.
Во рамки на посетата, министерот Попоски има и бројни билатерални средби.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора