Попоски на работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на земјите - членки на Европската Унија, кој го приреди словачкиот амбасадор во Република Македонија Мартин Безак, во својство на актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Министерот Попоски, како што соопшти МНР, ја истакнал заложбата за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.
Осврнувајќи се на содржината на годинашниот Извештај на Европската комисија, нагласил дека Република Македонија ќе биде фокусирана на адресирање на препораките во насока на постигнување значителен напредок со цел придвижување на евроинтегративниот процес.
Попоски ги брифирал амбасадорите и за подготовките за реализирање на предвемените парламентарни избори на 11 декември и го истакнал очекувањето за успешно одвивање на изборниот процес.
Ново на Сител
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
-

ДУИ: Државата итно да превземе мерки за заштита на стандардот на граѓаните
-

Државниот пазарен инспекторат излегува на терен, ќе се следат цените на прехрамбените производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски очекува реакција од ЕУ за забраната на Менкиновски за влез во Бугарија
-

Со искуства од регионот ќе се јакне јавната служба
-

Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: Потребни се конкретни, но системски промени
-

Општините од Југоистокот со заеднички проект за почист воздух
