Македонија
3. March 2017 - 8:36

Попоски на неформален министерски состанок на земјите-учеснички на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Загреб ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Како што соопшти МНР, се очекува клучни теми на дискусија на неформалниот состанок на ПСЈИЕ да бидат европските интеграции, регионалната стабилност и добрососедството.