Македонија
1. September 2016 - 9:52

Попоски на неформален министерски состанок на ОБСЕ во Потсдам

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, на покана на шефот на германската дипломатија Валтер Штајнмаер денеска во Потсдам ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ.

Состанокот е посветен на прашања за заедничко соочување со предизвиците на земјите членки на ОБСЕ, безбедносните кризи во опкружувањето и миграциите.

Предвидено е министерот Попоски да оствари и билатерални средби.