Македонија
17. February 2017 - 8:59

Попоски на 53.Минхенска безбедносна конференција

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на 53-та Минхенска безбедносна конференција, што ќе се одржи во Минхен, Сојузна Република Германија.

Годинашната конференција ќе биде фокусирана на иднината на трансатлантските односи по претседателските избори во САД, европската безбедносна соработка и одбрана, односите со Русија, војната во Сирија, политичко - безбедносната ситуација во Азија и Пацификот, како и предизвиците од мигрантската криза и радикализацијата.

Како што соопшти МНР, вицепремиерот и министер Попоски, во Минхен, ќе оствари повеќе средби со колегите од земјите-членки и партнери на НАТО.