Македонија
11. September 2015 - 16:41

Попоски: Изјавата за подигање ограда е извадена од контекст и неточна!

Извадена од контекст и недоречено пренесена, изјавата на министерот Попоски за наводно подигнување ограда на границата со Грција за спречување на бранот мигранти, предизвика целосно погрешна слика за Македонија и нејзините напори за хумано справување со бегалците.

Во интервјуото за унгарски Фигјело, Попоски  запрашан, дали размислувавте за тоа да ги заштитите границите со ограда, слично како што го стори тоа и унгарската влада, вели дека таквиот чекор го смета за лошо решение.

- Очигледно и кај нас ќе треба некаква физичка заштита за да го намалиме нелегалното преминување на границата. Тешко е тоа да се постигне за кратко време, а не е решение за долг период. Но доколку озбилно го земеме тоа што го бара од нас Европа, тогаш ќе има потреба и од тоа. Било војници, било ограда, или комбинација од двете. Но нагласувам: не го сметаме ова за добро решение, изјавил Попоски.

Според министерот Попоски вадењето од контекст било очекувано.

,,Јасно е дека постоеше тенденција да биде извадена од контекст целата изјава. Се работи за изјава која е насочена во правец на помошта која ја бара Р.Македонија и во делот на справување со мигрантскиот бран, кој е во тенденција на зголемување, но и во делот на обезбедување на граничните премини кон Република Макеоднија и целиот граничен простор од Република Грција. Главниот предизвик е што нашите европски партнери кои се крајна дестинација на мигрантите, главно Германија очекуваат да имамае кредибилен систем за регистрирање и нудење на можност за баратели на азил. Впрочем истата таа можност тие треба да ја имаат во претходната земја, која е земја членак на ЕУ, но сите земји на оваа рута од Турција, преку Грција, Макеоднија, Србија, Унгарија, Австрија се соочени со истиот проблем‘‘, изјави Попоски

Попоски додава дека не само Македнија, туку ниту една земја не може целосно да спроведе физичко обезбедување, што било јасно кажано во интервјуто.

,,Во оваа ситуација физички ниту една земја вклучително и Р. Македонија нема да може да обезбеди таков систем. Јасен одговор беше даден дека оградувањето на границата не е решение и долгорочно не може да го реши овој проблем. Впрочем тој одговор го имав дадено и на новинарот кој го постави тоа прашање. Но, мораме да обезбедиме висок степен на обезбедување на границата за да се намали бројот на нелегални премини и впрочем мора да се зголеми соработката и со секоја соседна земја‘‘, смета Попоски.

Попоски очекува посилна соработка и ангажман од европската полиција за справување со бранот мигранти.