Поплочени пет улици во гостиварската населба Млаки

Во гостиварската населба Млаки денеска беше одбележано завршувањето на работите на поплочување на пет улици. Градоначалникот Невзат Бејта рече дека на вакво уредување жителите чекале речиси четири децении откако ги изградиле домовите во овој дел од градот.
- Тоа беше барање на жителите на населбата, а бидејќи Млаки е значаен дел на градот, обезбедивме потребни финансиски средства за уредување на овие улици. Станува збор за вкупна површина од 1.500 квадратни метри, а вредноста на инвестицијата е над 22 илјади евра, рече меѓу другото Бејта.
Тој потенцираше дека со овој проект на локалната власт создадени се подобри услови за жителите на населбата, особено за децата кои одат на училиште.
Жителите изразија благодарност и потсетија дека минатата година во оваа населба беше поставено јавно осветлување и се замени водоводната и канализациската мрежа на главната улица.
Ново на Сител
-

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг - најави Андоновски
-

Македонија за првпат домаќин на Светското училишно првенство во ракомет
-

Мицкоски на потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети
-

ОН ќе гласа за предлогот за отворање на Ормуската Теснина
-

Трамп вели дека мостовите и електричните централи во Иран се следните цели
-

Променливо облачно со повремен локален дожд
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
