Поплави во Ресенско, над 50 куќи и земјоделски површини под вода по излевањето на реките

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, информираат од Центарот за управување со кризи.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија ЈКП „Пролетер“ и „Македонија пат“, како и приватни машини со вкупно седум пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти. Поплави се евидентирани и кај село Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 сантиметри.
Од ЈП „Македонија пат“ информираа дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
