Македонија
18. August 2016 - 16:08

Поплавените подрачја почнуваат нормално да функционираат

Поплавените подрачја го враќаат стариот изглед. И денеска интензивно се работи на санирање на штетите од катастрофалното невреме кое го погоди скопскиот регион пред 12 дена. 

Војската, полицијата, вработени во јавни претпријатија, голем број на волонтери сеуште им помагаат на жителите погодени од поплавите.

Граѓаните благодарни за помошта која им беше донирана во текот на кризните денови. Велат дека страшната гледка никогаш нема да ја заборават и цел живот ќе ја паметат хуманоста на луѓето.

Намален е и ризикот од заразни заболувања и не се очекува ескалација на ситуацијата – велат надлежните.

Медицинскиот пункт во основното училиште во Стајковци, граѓаните го посетуваат за рутински лекарски прегледи и евентуални повреди од расчистувањето. 

Според лекарите нема сериозни заболувања.

Се прават крајните проценки на направената штета и се дезинфицираат последните куќи.  Хумани граѓани сеуште носат помош во храна, облека и хигиенски средства за настраданите семејства. 

Доброволци за работа има од  цела Македонија.