Попладнево повторно протест во Тирана, Рама се обидува да ги убеди странците дека е во право

Алијасата за заштита на театрот, подржана од албанската опозиција, попладне во 17:30 часот ќе го одржи вториот протест по уривањето на тетарот.
По еден ден „пауза“ во знак на почит кон муслиманските верници, кои синоќа ја одбележуваа ноќта на Кадр, демонстрантите повтрно ќе се соберат пред зградата на
Министертвото за внатрешни работи.
Поради учество на масовен собир, кој во услови на пандемија е забранет, кривични пријави вчера заработија и тројца опозициски лидери, Љуљзим Баша на Демократската
партија, Моника Круемади,на Социјалистичкото движење за интеграција и Фатмир Медиу, на Републиканската парија.
Во меѓувреме, како што пренесуваат медиумите, премиерот Еди Рама се обидува да ги убеди странците дека уривањето на тетарот е законско и оти обвинувањата за примената на насилство од страна на полицијата на завчерашниот протест е лaга.
На Твитер напиша дека има факти кои го „поништуваат тврдењето на производителите на клевета“.
-На средбата со американската амбасадорка Јури Ким, целосна согласност да се гледа напред со исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и финализирање на изборните реформи, напиша Рама.
Средба со амбасдорите на земјите членки на ЕУ на која присуствувал и евроамбасадорот Луиџи Сореца, одржала и обединетата опозицијата.
-Албанија прави чекори наназад, кризата се продлабочува од активностите во последните неколку недели. Тие ја оддалечуваат Албанија од Европа. Опозицијата останува посветена на унапредување на европската интеграција и
исполнување на условите,изјави по средбата лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.
Додаде дека побарале помош од земјите-членки на ЕУ за да Албанија ги исполни условите за интеграција и да отвори преговори.
Ново на Сител
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
-

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција
-

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на демократите од Вирџинија за прераспределба на изборните единици
-

Трамп: Договорот за продажба на оружје на Тајван е многу добра преговарачка алатка со Кина
-

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
