Македонија
4. September 2015 - 17:54

Попладнево активни три пожари

На територијата на Република Македонија денеска активни се три, локализирани пет и згаснати седум пожари, покажуваат податоците на Дирекцијата за заштита и спасување добиените од подрачните одделенија за заштита и спасување.

Во општина Македонски Брод пожар е активен во атарот на село Крапа. Во гаснење на пожарот се ангажирани двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ со три пожарникари, Шумска служба со девет лица, и шест лица од месното население.

Активен е и пожарот кај место викано Царовец  во атарот на село Крапа и на лице место за гасење се ангажирани Шумските служби со пет лица. Поради обемот на пожарот противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат ангажирани за гасење на овој пожар.

На територијата на оваа општина изгаснат е пожарот во место викано Пела на село Слатина, место викано Слатински извори  и пожарот помеѓу селата Вир и Локвица.

Во Општина Струга, во атарот на селото Ливада локализиран е пожар во кој гори стрниште. Пожарот избувнал околу пладне и е  локализиран во попладневите часови. 

Пожар избувнал кај село Костурник и село Табановце во Кумановско. Во пожарот горела сува треба, но тој е изгаснат околу 13 часот.

Пожар е забележан и кај село кај село Орашац кој е повторно активиран во 13.25 часот. Гасењето на пожарот е во тек и во негово гасење се ангажирани ТППЕ со едно возило и три пожарникари.

Во општина Велес кај селото Војница, месноста викан Пашин Мост локализиран е пожар кој избувнал околу 13 часот. На лице место за гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со четири пожарникари и ЈП со четири лица.

Повторно е активен и пожар кај селото Буслици кој има зафатено долга површина и постои опасност за проширување. Во гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со четири пожарникари, шумските служби со две лица и ЈП со три лица.    

Изгаснат е пожар во селото Грнчари во Преспа,  во село Елевци, Дебарско и кај село Бање. Пожар повторно се активирал во Росоман во реонот помеѓу селата Дебриште, Мрзен и Ореовец и Камен дол, при што опшжарена е површина од 20 хектари. Пожарот е локализиран во попладневните часови, и три лица од општина Росоман дежураат на терен. Активен е и пожар на местото викано Леково, општина Прилеп.