Македонија
9. March 2016 - 12:17

Попладне пороен дожд и грмежи

На повеќе места во Македонија, особено во југоисточниот и источниот дел од земјава, попладне се очекува нестабилно време со грмежи и пороен дожд и до 30 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  

Врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, особено во источна и северна Македонија.

Нов влажен бран се очекува во сабота и недела кога повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.