Попис 2021: Околу 3 проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство
Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика.
Од вкупното резидентно население 1 778 725 лица се државјани на Република Северна Македонија, 53 201 се државјани на Република Северна Македонија и друга држава, 4203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство.
Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30 003, отколку жени – 23 198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2824, од мажи – 1 379.
По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5 190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11 768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години – 15 171 или 28,5 проценти.
Од вкупно 53 201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел 19 645 освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10 909 и со српско, 3819 и со хрватско, 2393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство.
Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македоцни – 58,8 проценти, постоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.
Ново на Сител
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран