-->
-->
Поп Теодосиј претепал маж: Го пцуеше и му удираше боксови во главата!
-->

Поранешниот свештеник претепал маж покрај патот, а сето тоа се гледа на видеото кое се појавило на социјалните мрежи.
Расчинетиот руски православен свештеник имал конфликт со еден возач па настала тепачка.
На снимката се гледа како свештеникот, идентификуван како поранешен поп Теодосиј кој се уште носи мантија удира човек во главата.
Инаку, тој бил протеран од својата парохија која припаѓа на Московската Патријаршија во 2013 година. Во моментот на тепачката бил со неговиот брат Дмитриј.
Дмитриј возел автомобил кој блокирал премин кога бизнисменот Вадим Малцев се обидел да помине. Браќата ја игнорирале неговата намера, тој излегол од автомобилот да разговара со нив но тогаш почнала пресметката.
- *би се! - биле зборовите на свештеникот кој потоа почнал да го мава и пцуе.
После инцидентот, свештеникот тврдел дека не можеле да го тргнат автомобилот бидејќи им се расипал а бизнисменот им се заканувал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
-

Со меѓународна поддршка започнува 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“
