Спорт плус
24. December 2015 - 8:54

Поп Ацев најдобар спортист во 2015

Пливачот Евгениј Поп Ацев е најдобар спортист на Македонија за 2015 година. 
 
Поп Ацев зад себе има извонредна година, успеа да ја освои титулата во вкупниот пласман во маратонско пливање во Гран при серијата на ФИНА, а воедно стана првиот Македонец кој победил на Охридскиот пливачки маратон.  
 
Поп Ацев кој наградата ја прими од рацете на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, најави дека во годината што следува ќе се обиде да избори олимписка норма на 10 километри, што би му донело настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. 
 
Спортистка на Македонија е кик боксерката Стефани Тодорова, Кире Лазаров е најдобар македонски спортист во странство, а за најдобар тренер е прогласен селекторот на одбојкарската репрезентација Жарко Ристовски.  
 
Филип Талевски ја понесе наградата за најдобар млад спортист, а најуспешен спортист со инвалидитет е пливачот Андреј Стојановски. 
 
Најуспешна спортска федерација е ракометната, најдобар машки национален тим е ракометниот, а најдобар женски тим е карате репрезентацијата.