Понудата и побарувачката на работна сила на саемот за вработување во Струга
Граѓаните од Струга и регионот денеска имаат можност да се информираат за побарувачката за работна сила на третиот саем за вработување што го организира Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Целта на вториот серијал саеми што ги организира Агенцијата, според директорот Влатко Поповски, е на едно место да се сретнат побарувачката и понудата на работна сила каде граѓаните ќе имаат можност да видат што нудат компаниите, кои карактеристики ги бараат и поседуваат граѓаните од овој регион што бараат работа за да можат да се вработат во компаниите кои се отворени.
- Ќе се обидеме на едно место да ги прибереме компаниите од регионот, но и невработените лица. Се надевам дека по завршување на серијалот ќе имаме соодветен број апликации за вработување, односно конкретни апликации што компаниите ги бараат за да може да ги вработат во своите капацитети, истакна Поповски.
Во првиот серијал, на саемите за вработување имало 600 директни вработувања, а директорот очекува информација уште колку од позитивните апликации се реализирани.
- Интерес имаме во сите области. Се наоѓаат квалификации на невработени кои компаниите често ги бараат. На овие саеми доаѓаат и апликации со квалификации кои им се многу потребни на работодавците и ги вработуваат тие луѓе. Се бараат шивачи, оператори на машини за поедноставни и посложени работи во зависност од регионот, изјави Поповски.
Сузана Наумоска од компанијата „Спа – Изида“ од Охрид истакна дека се занимаваат со едукација на физиотерапевти што смета дека е потребно на охридско-струшката ревиера.
- Сакаме да ја продолжиме туристичката сезона, а со тоа ни требаат млади профили кои ќе влезат во оваа професија. Штандот го посетија физиотерапевти од струшкиот регион што можат да се внесат во оваа област и нивниот број е голем, рече Наумоска.
Наредниот саем за вработување ќе биде идната среда во Кочани.
Ново на Сител
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај