Пониски продажните цени на индустриските производи на странските пазари
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за еден отсто на месечно ниво, а се повисоки за 0,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во мај 2018, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,1 отсто.
Во мај 2018, во споредба со мај 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за седум отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 отсто.
Државниот завод за статистика објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се пониски за 0,4 проценти на месечно, а се повисоки за 0,7 отсто на годишно ниво.
Во мај 2018, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто, а се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 отсто.
Во мај 2018, во споредба со мај 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 0,4 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2,3 отсто
Ново на Сител
-
Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Простување од Иле, возачот на Итна помош
-
„Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро“: Кочани тагува по својата Стефи
-
Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“
-
Тошковски: Извршени се претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани
-
Мајка на едногодишно девојче меѓу жртвите во пожарот во Кочани
-
Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете
-
Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови