Помпео на средба со Заев

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој со висока државна делегација денеска е во официјална посета на Република Северна Македонија, по разговорите со претседателот Стево Пендаровски во вилата „Билјана“, во моментов во хотелот „Инекс Олгица“ одржува средба со премиерот Зоран Заев.
Авионот „Air Force 2“ на државниот секретар попладнево слета на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, каде во чест на високиот американски државник беше подготвен свечен пречек со гарда и највисоки државни почести.
Добредојде на Помпео и неговата сопруга во Охрид им посака македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров со сопругата. Веднаш потоа американската делегација во која уште е и заменик-помошник на заменикот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Скопје Филип Рикер, замина кон вилата „Билјана“ на средба со Пендаровски.
Протоколот на посетата на Помпео на земјата предвидува по средбите да бидат дадени изјави за медиумите за текот на денешните разговори, а потоа државниот секретар Помпео ќе ја посети и црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, што беше реконстуирана и конзервиран фрескоживописот средства озбезбедени преку УСАИД од американските даноќчни обврзници.
Инаку, градот Охрид денеска живее во исклучителни безбедносни мерки, обезбедени се не само трасата каде ќе минува делегацијата, туку и во длабочина денови наназад беа контролирани сите пристапни патишта кон трасата, а беа проверувани и запишувани возилата што деновиве се движеа низ градот. Самата траса каде ќе минува делегацијата е целосно затворена за сообраќај, отстранети си лежечките полицајци од коловозот, а отстранети беа и сите контејнери за отпад. Сите општински јавни претпријатија и институции беа мобилизирани за посетата, за што поуреден да биде градот за време на посетата на високата американска државна делегација.
Охрид и Македонија е четвртата етапа од мини-балканската турнеја на американскиот државен секретар. Тој во Македонија допатува од Црна Гора, а претходно беше во посета на Италија и на Ватикан. Од Охрид попладнево Помпео е предвидено да отпатува во официјална посета на соеедна Република Грција.
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
