Помпео испрати писмо до Курти: Укинувањето на таксите е приоритет
Американскиот државен секретар Мајк Помпео испрати писмо до новоизбраниот косовски премиер Албин Курти, во кое му честита за формирањето влада, но и посочува дека укинувањето на таксите на производи од централна Србија и Босна и Херцеговина треба да биде приоритет, пренесува „Блиц“.
– Укинувањето на таксите на стоки од Србија и Босна и Херцеговина ќе биде важно поради враќањето на земјите на преговарачка маса. Се надеваме и очекуваме дека ова ќе го направите како приоритет и ќе го искористите моментот создаден со писма со намери за воспоставување воздушни и железнички врски помеѓу Приштина и Белград, наведува Помпео во писмото.
Тој оценува дека сега е време да се реализира „сеопфатна нормализација на односите со Србија, фокусирана на взаемно признавање“, за која вели дека е од витално значење за „целосна меѓународна интеграција на Косово“.
– САД ќе ви дадат поддршка во овој процес, порача Помпео.
Тој упати честитки и за „успешните демократски избори“ спроведени на Косово.
„Го поздравуваме формирањето на новата влада во Косово и со нетрпение очекуваме да работиме заедно за да ги унапредиме заедничките цели во однос на економскиот раст, владеењето на правото и нормализацијата на односите со Србија“, се наведува во писмото.
Исто така се додава дека САД ја поздравуваат посветеноста на Курти во борбата против корупцијата.
На крајот се порачува дека САД „со нетрпение очекуваат да соработуваат со новата влада во Приштина за да се осигури дека мултиетничкото, демократско Косово продолжува да напредува“.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп