Свет
9. December 2019 - 8:54

Помпео и Лавров утре на средба во Вашингтон

Американскиот државен секретар Мајк Помпео утре во Вашингтон ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.

Помпео најави дека темите на разговорите ќе бидат билатералните односи, контролата на оружјето, како и ситуацијата во Сирија и во Украина.

Нема информации за евентуална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Лавров. Последен пат кога го посети Вашингтон во 2017 година, Лавров се сретна и со Трамп.