Помош од општина Ресен за настраданите во поплавите во Скопско

Вработени од Јавното комунално претпријатие „Пролетер“, Територијалната противпожарна единица – Ресен и од општина Ресен втор ден помагаат во расчистување на загрозените подрачја од невремето што неодамна го зафати скопскиот регион.
Ресенските екипи работат на расчистување кал и оштетена покуќнина во домови кои настрадаа од големите поплави. Локалната самоуправа најави дека за утре е планирана нова група од 20-тина вработени во општината да заминат во загрозените подрачја на расчистување од последиците кои ги направи невремето.
Во општинската зграда и на градскиот плоштад во Ресен отворени се пунктови на Црвениот крст за собирање донации од вода, храна и средства за хигиена. Компании од Преспа донации испраќаат и директно во собирниот центар на Црвениот крст во Момин Поток.
Советот на општина Ресен на вонредна седница донесе одлука за донирање 100.000 денари, а сите советниците решија да се откажат од дел од месечниот надомест и да го уплатат во наменскиот Фонд за загрозеното население.
Граѓаните и правните субјекти може да донираат за поплавените во Скопско на жиро-сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или по 100 денари со вртење на телефонскиот број 143 400 од сите мобилни оператори.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
