Помош од Кочани за настраданите од поплавите

Во Кочани активностите за донирање на вода, пелени, конзервирана храна и други помагала за настраданите во поплавите во Скопско, продолжија и денеска.
Претседавачот на Советот на општина Кочани Јордан Димитров, информира дека Советот испрати еден шлепер со флаширана вода за населението од настраданите подрачја во скопскиот регион.
Ваквата одлука според Димитров е донесена по состанокот со координаторите на сите советнички групи кои партиципираат во кочанскиот Совет.
Општинската организација на Црвен крст Кочани ги прифаќа сите донации кои ги доставуваат поединци и компании и ги дистрибуира до пунктот на Црвен крст во Скопје.
Секретарката на на Црвен Крст Кочани Анета Коцева, рече дека акцијата продолжува и понатаму и се прифаќа секоја понудена помош од страна на компаниите од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево и истата се доставува до собирниот пункт на Црвениот крст во Скопје.
Компанијата за производство на столици „Ледер“ од Кочани во соработка со Црвениот крст од овој град, денес испорача еден шлепер флаширана минерална вода, а утре ќе ги испорача и првите количини од 250 столици наменети за настраданите од поплавите во Скопско. Оваа компанија е подготвена за испорака на нови количини на столици во настраданите подрачја.
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
