Помогнете ми да го најдам син ми, се напи кафе и рече ќе се врати за ручек
Полицијата и жители на Демир Капија веќе неколку дена трагаат по Илија Лазаревиќ (30) кој во петокот околу 15.45 часот заминал од својот дом и му се губи секаков траг. Неговата мајка Снежана вели дека минува низ агонија. Никогаш во минатото не се случило да се соочат со сличен настан, син и бил скромен човек, пишува Фокус.
-Се вратив од работа во петокот, Илија се напи кафе, рече дека ќе излезе малку да прошета. Му реков дека наскоро ќе биде готов ручекот, ми кажа дека ќе руча кога ќе се врати. Од тогаш нема ников глас од моето дете – вели очајната мајка.
Појаснува дека Илија со себе носел мобилен телефон, неколку часа откако излегол му ѕвонела, но не и одговорил на повиците. Сега веќе и мобилниот телефон му бил исклучен.
-Излезе надвор облечен во темно црвена тренерка и кратки црни пантолони, сиви патики. Висок е околу 180 сантиметри, средна градба, смеѓа коса и брада… Не знам што се случува, настанот го пријавив во полиција, замолувам кој и да има информација да ми се јави, може да е било каде во земјава – вели мајката. Негови другари во тек на вчерашниот ден го барале низ Демир Капија, но потрагата била безуспешна.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа