Бизнис
26. November 2018 - 16:15

Помалку превезена стока во патниот и железничкиот собраќај, зголемен карго превозот

 Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во третиот квартал во однос на вториот квартал годинава е намалено за 16,1  отсто, во железничкиот транспорт  има намалување за 9,1 отсто, а во воздухопловниот превоз зголемување за 67,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со третото тримесечје од 2017 година, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2,2 отсто, во воздухопловниот за 68,5  проценти, а во железничкиот за 20,9  проценти.

Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 3,8  проценти, во градско-приградскиот превоз е намален за  0, 6  проценти, во железничкиот превоз за 1,6  проценти, а зголемување од 14,1 оттсо има кај патниците во воздухопловниот превоз.

Споредено со второто тримесечје од годинава, во третото тромесечие оваа година бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,3  проценти, во градско-приградскиот превоз е намален за 20,5  проценти, во железничкиот превоз за 16,2  процента, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 31,7  проценти.