Помалку превезена стока во патниот и железничкиот собраќај, зголемен карго превозот
Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во третиот квартал во однос на вториот квартал годинава е намалено за 16,1 отсто, во железничкиот транспорт има намалување за 9,1 отсто, а во воздухопловниот превоз зголемување за 67,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во споредба со третото тримесечје од 2017 година, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2,2 отсто, во воздухопловниот за 68,5 проценти, а во железничкиот за 20,9 проценти.
Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 3,8 проценти, во градско-приградскиот превоз е намален за 0, 6 проценти, во железничкиот превоз за 1,6 проценти, а зголемување од 14,1 оттсо има кај патниците во воздухопловниот превоз.
Споредено со второто тримесечје од годинава, во третото тромесечие оваа година бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,3 проценти, во градско-приградскиот превоз е намален за 20,5 проценти, во железничкиот превоз за 16,2 процента, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 31,7 проценти.
Ново на Сител
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово
-
Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година
-
Лишени од слобода крадци во Скопје
-
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка - 3 степени
-
Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин
-
КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел, но не дозволивме