Полски државјанин убиен во Велика Британија зашто зборувал полски

Еден полски државјанин, кој живеел и работел во Велика Британија, е претепан и убиен од банда малолетници, само затоа што зборувал на полски јазик.
Инцидетот се случил во местото Харлоу, во англиската област Есекс, пред една локална пицерија.
Арек Јозвик (40) со двајца свои пријатели, јадел пица, кога бил нападнат од банда тинејџери. Сведоци изјавиле за весникот „Дејли Мирор“ дека напаѓачите не биле постари од 20 години, како и дека меѓу нив имало неколку девојки.
Јозвик кој работел во една локална фабрика, добил тешки повреди по главата, по што набргу починал во болница. Повредено е и уште едно лице, кое било со убиениот и за кое се верува дека исто така е полски државјанин. Тој има повреди во стомакот и скршеници на двете раце, но лекарите велат дека не е во животна опасност.
Полицијата соопшти дека уапсила шестмина тинејџери, сите на возраст меѓу 15 и 16 години. Највозрасниот меѓу нив е задржан во притвор, додека другите се ослободени со кауција.
Во соопштението на полицијата се вели дека нападот и убиството на Јозвик претставуваат напад од омраза.
Сопственикот на пицеријата изјавил дека повеќепати ја предупредувал полицијата на зачестените напади на основа на омраза и на делувањето на тинејџерски банди кои им се закануваат и ги напаѓаат лугето.
Братот на убиениот остро го осудил убиството и ја критикувал ситуацијата во Велика Британија.
- Ова е лудило. После Брегзит работите секојдневно стануваат се полоши изјави за весникот Радек Јозвик.
Комисијата на ОН за елиминирање на расизмот минатата недела ја критикуваше ситуацијата во Британија и порастот на напади врз расна и етничка омраза и ги осуд политичарите што во текот на кампањата за референдумот, ја распалија омразата кон странците.
Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
