Полската влада го критикува претседателот Дуда дека бара нуклеарно оружје преку медиумите
Полската влада на премиерот Доналд Туск во принцип го поддржа денешниот апел на полскиот претседател Анджеј Дуда САД да распоредат нуклеарно оружје во Полска, но министерот за внатрешни работи и администрација Томаш Шемоњак го предупреди претседателот да не го прави тоа преку медиумите бидејќи ризикува повторно да биде одбиен.
- Нема ништо полошо од тоа да објавиме кохерентна идеја, а потоа да добиеме одговор три дена подоцна дека не доаѓа предвид. Затоа што едноставно ја ослабува нашата позиција.
Таквите работи се уредуваат во кабинетот и кога сме сигурни дека постои начин да се постигне тоа, изјави Шемоњак за полската приватна телевизија ТВН24.
Ова не е прв пат полскиот претседател јавно, преку медиумите или во говори, да побара Полска да биде вклучена во американската програма за нуклеарно споделување, според која пет земји имаат американски нуклеарни ракети за чија употреба одлучуваат САД, или да спомене дека дури се водат дискусии за тоа.
Меѓутоа, секој пат Вашингтон негираше дека имало какви било разговори или дека темата е дури и на маса.
Полскиот претседател во интервјуто објавено денеска од „Фајненшл тајмс“ апелираше САД да распоредат нуклеарни ракети во Полска.
- Границите на НАТО беа поместени на исток во 1999 година, а 26 години подоцна, дојде време и инфраструктурата на НАТО да се движи кон исток.
За мене тоа е природно, рече Дуда, потсетувајќи дека Русија, без никакво двоумење или некого да праша, веќе го преселила своето тактичко нуклеарно оружје на запад, во Белорусија.
Вицепремиерот во владата на Туск, министерот за дигитализација, Кшиштоф Гавковски, денеска изјави дека не треба да се отфрли никаква идеја што ја зголемува безбедноста на Полска.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро