Loading Video...
Фудбал
26. November 2022 - 17:34

Полска славеше во дуелот со С. Арабија со 2:0

Полска славеше во дуелот со Саудиска Арабија со 2:0 во натпреварот од 2.коло на Ц групата.
 
Со голот на Зиелиниски во 39-минута Полјаците поведоа со 1:0. 
 
Во финишот на првиот дел Саудијците имаа шанса да ја анулираат негативата од пенал, но голманот Шчешни со две прекресни интервенции не им дозволи на противниците да стигнат до израмнување.
 
Роберт Левандовски имаше три прекрасни шанси, но фудбалерот на Барселона ја искористи само онаа во 82-минута со што ги постави конечните 2:0. 
 
Со оваа победа Полска направи голем ичекор кон пласман во разигрувањето и со 4 бодови е лидер на табелата на која С. Арабија останата на 3, Мексико има 1, а Аргентина е без бод.
 
Во оваа конкуренција вечерва ќе се игра дербито меѓу Мексико и Аргентина