Полска одбележува 80 години од Варшавското востание
Полска денеска ја одбележува 80-годишнината од избувнувањето на Варшавското востание, најголемиот воен бунт на силите на отпорот во Европа по нацистичка окупација и еден од најтрагичните настани во историјата на земјата.
На 1 август 1944 година, во 17 часот, припадниците на полскиот отпор предводени од татковинската армија (Армија Крајова) почнаа вооружено востание во Варшава против нацистичкиот окупатор.
Воената цел беше да се ослободи Варшава од германската окупација пред пристигнувањето на советската Црвена армија за да се спречи создавањето на влада под советска контрола во Полска.
Сепак, востанието беше задушено по 63 дена борби, кои ги чинеа животите на речиси 200.000 Полјаци, повеќето од нив цивили. Останатите половина милион жители на Варшава беа депортирани, а градот беше речиси целосно уништен.
Годишнината се обележува со голем број настани, вклучувајќи миси, концерти и средби со последните преживеани полски борци на отпорот.
Иако востанието на крајот пропадна, полскиот претседател Анджеј Дуда синоќа за време на централната комеморативна церемонија, го нарече „морална основа на полската независност“.
Ново на Сител
-
Андоновска: Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип
-
Утре нова промена на цените на горивата
-
За неколку минути од Либан лансирани приближно 70 проектили кон Израел
-
Третпат снема струја на Куба
-
АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Младо момче тешко повредено
-
На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар