Полска: Европратеникот Јацек Сариуш-Волски место Доналд Туск за чело на Европскиот совет
Полското Министерство за надворешни работи и официјално ја поднесе кандидатурата на европратеникот Јацек Сариуш-Волски за нов претседател на Европскиот совет, на местото на Доналд Туск, кого владеачките полски конзервативци одбиваат да го поддржат, пренесе ТАСС.
Министерот за надворешни работи Витолд Вашчиковски, цитиран од агенцијата ПАП, посочи дека со дипломатска нота ја предложил кандидатурата на Јацек Сариуш-Волски за претседател на Европскиот совет.
Според него, оваа одлука се темели на фактот дека кандидатурата „гарантира независен пристап“.
Во моментов претседател на Европскиот совет е поранешниот полски премиер Доналд Туск, кој на оваа функција беше избран во август 2014 година.Оваа функција може да се извршува само во два мандата. Мандатот на Туск завршува на 31 мај.
Одлуката за назначување на нов претседател од земјите на ЕУ, кои можат да го реизберат полскиот политичар за неговиот втор мандат, треба да се донесе во најскоро време.
Против кандидатурата на Туск, меѓутоа, застана полската Влада, предводена од партијата на Јарослав Качински „Право и правда“, која е на ставот дека поранешниот премиер премногу се меша во внатрешните работи на земјата и дека не ги штити нејзините интереси на европската политичка сцена.
Сариуш-Волски е актуелен европратеник од опозициската партија „Граѓанска платформа“, која во минатото беше предводена од Туск. Тој веќе трет мандат е во Европскиот Парламент, а пред тоа учествувал во преговорите за приклучувањето на Полска кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија