Положување цвеќе по повод Денот на Армијата
По повод одбележувањето на 18 Август - Денот на Армијата, денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата, Сојузот на здруженија на борците од НОБ, Организација на резервни воени старешини, градот Скопје и други, со воени почести ќе положат венци цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
Делегации од министерството за одбрана и генералштабот и здружението на семејствата на загинатите бранители ќе положат цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите бранители пред Министерството за одбрана, а во армиските касарни делегации ќе положат цвеќе пред бистите на народните херои чии имиња ги носат касарните.
Делегацијата од Собранието ќе ја предводи потпретседателот Антонијо Милошоски, а во нејзин состав ќе бидат и пратеничките Емилија Ангелова и Даниела Белимова.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото