-->
-->
Половина Словенија во “црвена фаза”
-->

Пожарникарите и припадниците на цивилната заштита на Словенија се уште ги санираат последиците од силниот ветер кој во текот на денот дуваше во земјата. Половина држава се уште е во “црвена фаза” за опасност од екстремно силен ветер, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Рано утрово на патот Дравоград-Марибор едно лице го изгуби животот, откако врз неговиот автомобил падна дрво откорнато со силниот ветер. Вечерва без струја се над 340 домаќинства во околината на Цеље. Поради силниот ветер е оштетен покривот на болницата во Птуј.
Во Општината Преболд ветерот откорна 230 години стара липа, која падна врз куќа и ја оштетила. Проблеми со откорнати дрва и сообраќајни знаци има во Штаерската и Корошката област.
Агенцијата за животна средина (АРСО) објави дека во некои делови на словенија денеска е измерен ветер со брзина и над 100 километри на час.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
