Половина од Германците не се задоволни од кампањата за вакцинација против Ковид-19
Секој втор човек во Германија е незадоволен од организацијата на кампањата за вакцинација против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на „ЈуГов” (YouGov) за германската новинска агенција ДПА.
Во Германија на 26 декември 2020 година беа вакцинирани првите луѓе, а еден ден подоцна почна кампањата за вакцинација низ цела Европска Унија.
Оттогаш, 61,3 милиони луѓе во Германија примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19, што претставува 73,7 проценти од населението. Околу 70,7 отсто се вакцинирани двапати, додека 35 проценти примиле три дози.
Околу 21,8 милиони луѓе во Германија (26,3 отсто од населението) сè уште не се вакцинирани.
Германскиот канцелар Олаф Шолц сака да ја поттикне вакцинацијата за време на божиќните празници и во новата година. Тој постави цел 80 отсто од населението да биде вакцинирано барем со една доза до 7 јануари.
Шолц се залага Бундестагот да одлучи од следната година да има општа вакцинација. Анкетата покажува дека 62 отсто од граѓаните се „за” таква мерка, 29 се „против”, а девет проценти одбиле да одговорат.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар