-->
-->
Полни трибини за реваншот Вардар - Флензбург
-->

Реванш натпреварот меѓу Вардар и Флензбург ќе се игра пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Имено. Според официјалниот веб сајт „тикетсплус.мк“ на кој се продаваат влезниците за овој четвртфинален меч во ракометната Лига на шампиони, речиси целиот капацитет на салата е распродаден.
Во продажба има останато само уште десетина влезници за блоковите за седење и нешто повеќе за трибината за стоење. Но, се очекува истите да бидат распродадени до денот на натпреварот, затоа што интересот за македонско-германскиот дуел е огромен.
Македонскиот првак Вардар ќе има голема поддршка во обидот за прв пат во историјата да се избори за место на завршниот „фајнал-фор“ турнир, односно полуфиналето во Келн.
Вардарци во реванш дуелот со Флензбург, покрај поддршката од трибините ќе имаат и предност од два гола остварена на првиот меч одигран во саботата во Германија кога славеа победа со 26-24.
Реванш дуелот меѓу Вардар и Флензбург се игра во четврток со почеток од 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
