„Политико“: САД размислуваат да го напуштат Советот на ОН за човекови права
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за излегување од Советот на Обединетите нации за човекови права, кој американските власти го сметаат за неефикасна институција, пишува весникот „Политико“.
Според извори на весникот, поранешни и сегашни вработени во администрацијата на САД, Белата куќа се сомнева како во ефикансоста на Советот на ОН за човекови права, така и во неоходноста САД да останат во тој орган, во кој има претставници на држави како Саудиска Арабија, познати по кршење на човековите права.
Сепак американската администрација не размислува за итно напуштање на Советот, кој утре треба да одржи седница.
Конечната одлука ќе зависи од Трамп, државниот секретар Рекс Тилерсон и постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли, додава весникот.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово