„Политико“: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија

И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот со Грција, Северна Македонија останува попречена на патот кон ЕУ поради историскиот и јазичниот спор со Бугарија, наведува бриселскиот портал „Политико“ во осврт пред денешното објавување на извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.
- Иако се очекува во извештајот да се забележи одреден економски напредок и посилно усогласување на надворешната политика со ЕУ, генерално, бројчаникот не се помести многу од минатата година, се наведува во текстот во однос на земјава, при што се оценува дека земјава добила факултетска „осумка“.
Според порталот, врз основа на извештаите може да се заклучи дека ЕУ на Црна Гора и дала „десетка“, на Албанија „десет минус“, на Молдавија „девет плус“, а на Украина „солидна деветка“.
Од друга страна, како што наведува „Политико“, „проблематичните студенти“ кои се заглавени во политички кризи што го закочија нивниот напредок, Србија и Босна и Херцеговина, добиваат оценка адекватна на „седумка“, додека Грузија, која е во слободен демократски пад, паднала на испитот со „петка“.
За Турција, чија кандидатура е замрзната од 2018 година поради „назадување во владеењето на правото и загриженост за човековите права“, се вели дека „целосно го отфрлила испитот“.
Во текстот се пренесува и изјава на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, според кого, извештајот потврдува дека „Црна Гора е најнапредната земја кандидат“ за членство.
- Верувам дека дојде време ЕУ да ја усогласи нашата амбиција со јасен политички сигнал: да започне со изготвување на Договорот за пристапување. Тоа би било признание за нашиот напредок и стратешка инвестиција, рече Милатовиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Гаши: Денешниот ден да биде поттик за поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување
-

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
-

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека
-

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД
-

Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
-

Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
-

Денеска е Св. Климент Охридски - Чудотворец
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
