Политичките лидери на Албанците од Македонија на средба со Еди Рама
Лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија денеска попладне престојувале во Тирана на средба со премиерот Еди Рама.
На средбата со Рама и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати биле лидерoт на ДУИ Али Ахмети, лидерот на ДПА-Движење за реформи Зијадин Сеља и Билал Касами од движењето „Беса“, што според порталот Албеу е потврда дека Беса ја претставува и ДПА и оти мандатите и се придружуваат нејзе.
Средбата се одржала во просторите на Владата.
Рама на својот профил на фејсбук објави две форографии од средбата со политичарите Албанци од Македонија. „Братски“, пишува Рама под фотографиите, без да напише за што е разговарано со гостите од Македонија.
Според Албеу во фокусот на разговорот била политичката ситуација во Македонија и формирањето нова vлада.
- Рама им доставил на политичките лидери на Албанците од Mакедонија документ со совети, каде се бара унифицирање на ставот за заштита на интересите на Албанците во соседната земја. Формирањето на идната македонска влада е од посебен интерес за официјална Тирана, бидејќи судбината на земјата зависи од ставот на политичките партии таму, пренесува Албеу.
Петок, како што се оценува, е многу значаен за разбрануваниот македонски политички живот, бидејќи за првпат се собира парламентот по изборите од 11 декември. За дел од медиумите ова е историска средба, бидејќи за првпат мнозинството лидери на политичките партии на Албанците седнале на иста маса за да го унифицираат нивниот став за албанското прашање во Македонија.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево