-->
-->
Политичарите свесно оставаат дупки во Законите за да може да се вработуваат блиски луѓе
-->

Се уште царува непотизмот во државата. 46 точки во 20 закони се критични и можат да се злоупотребуваат при вработувањата во државната и јавната администрација. Се уште е мал бројот на предмети од Антикорупциската комисија кои се процесуираат во Јавното Обвинителство.
Од Транспаренси Интернешнл велат дека сите политички субјекти при носењето на законите оставале „дупки“ кои можат да се користат во нивна пола при вработувањата. Според членот на Антикорупциска, Софка Пејовска-Дојчиновска најмногу непотизам има во здравството бидејќи директорите имаат дискреционо право да одберат кој од кандидатите ќе го вработат.
Дојчиновска вели дека до ДКСК секојдневно пристигнуваат пријави поврзани со непотизам, но не ја знаеше точната бројка на отворени предмети.
Освен дупките во системот, голем проблем е неимплементацијата на законите од страна на институциите.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти