Полицискиот час наместо од 16 од 19 часот, за викенди од сабота од 15 до понеделник до 5 часот

Премиерот Оливер Спасовски ги објави новите олеснети мерки донесени на денешната владина седница во врска со забраната за движење поради спречиување на ширење на коронавирусот.
-Штотуку донесовме важни одлуки на седница на Влада. Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот, напиша Спасовски на фб профилот.
Се намалува, додава тој, и ограничувањето на движење за време на викендите.
-Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот., стои на фб статусот на Спасовски и воедно се најавува прес – конференција за повеќе деталиво 17 часот.
Ново на Сител
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
