Живот
1. October 2019 - 13:26

Полициски дрон сними нешто сомнително во шума, а потоа следуваше изненадување: Кинески криминалец откриен по 17 години бегство

Кинеската полиција уапси маж кој бил во бегство 17 години, така што со помош на беспилотни летала е откриено неговото засолниште.

63-годишникот, идентификуван како Сонг Џианг, бил во затвор поради трговија со жени и деца, но во 2002 година побегнал.

До години живеел во мала пештера далеку од сите. Полицијата од Јонгшан добила дојава за тоа каде Сонг се наоѓа од почетокот на септември. Тие траги ги воделе до планините зад неговиот роден град во провинцијата Јунан, на југозападот на Кина.

Откако вообичаените потраги не вродија со плод, властите испратија дополнителни беспилотни летала да им помогнат на офицерите. Дроновите на крајот на една стрмна карпа забележаа плоча со сина боја, како и траги од ѓубре во близина.
Полицијата потоа тргна пеш и го пронајде Сонг во малата пештера. Толку долго живеел сам што му било тешко да комуницира со службениците.