-->
-->
Полициски час во Словенија
-->
Словенија го враќа полицискиот час откако во последните неколку денови е забележан голем пораст на бројот на заболени од коронавирус.
Владата на Словенија синоќа прогласи епидемија, а министерот за внатрешни работи денес изјави дека од утре се воведува полициски час, кој ќе трае од 21 часот навечер до 6 часот наутро. „Во последните 24 часа се регистрирани 537 нови случаи на коронавирус во Словенија, а две лица починале.
Тестирани се 2.637 лица, од кои 537 или 20,4 проценти биле позитивни на вирусот“, објави денеска Националниот институт за јавно здравје. Во болница има 289 лица, од кои 55 се на одделот за интензивна нега.
Претседателот Борут Пахор се очекува вечерва да им се обрати на граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа