Полициски час од утре од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро

По денешната седница со Комисијата за заразни болести министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата ја соопшти одлуката за продолжениот викенд.
- Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето односно се воведува целосна забрана на движење на сите граѓани на Скопје, на сите скопски општини понатаму Куманово, Липково, Штип, Тетово како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јагуновце почнувајќи од четврток од 21 часот до понеделник до 05 часот наутро. Во сите останати градови се забранува движење на сите граѓани од четврток од 21 часот до петок 05 часот наутро, значи во останатите градови во петок, сабота и недела забраната повторно почнува од 16 часот и трае до следниот ден до 05 часот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
