Полицијата заплени 150 килограми марихуана
Полицијата синоќа на локалниот пат Башино село - Велес во патничко возило управувано од скопјанецот С.А. пронашла непозната тревкаста материја (најверојатно марихуана) со вкупна тежина од околу 150 килограми.
- Синоќа околу 19:50 часот на локалниот пат Башино село - Велес, при контрола на патничко возило „Фолксваген Венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А. (38) од Скопје, полициски службеници во багажниот простор пронашле два големи куфери и три јутени торби со непозната тревкаста материја (најверојатно марихуана) со вкупна тежина од околу 150 килограми, информираат денеска од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Пронајдените предмети, со потврда за привремено одземени предмети, се одземени и ќе бидат доставени за вештачење. С.А. е приведен во СВР Велес и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита