Полицијата во Викторија со дозвола за „пукај да убиеш“ заради спречување напади со возила

Полицијата во австралиската сојузна држава Викторија доби овластување за „пукај да убиеш“ со цел да се запрат нападите изведени со возила.
Полицајците мора да преземат одлучна акција за да спасат животи од непријателски настроените возачи кои своето возило го користат како оружје, е дел од наредбата која денеска е додадена во полицискиот прирачник. Нивните опции досега вклучуваа удар (судир) во возило, употреба на стоп-стапчиња (прачки со шилци поставени на улица за да ги дупне пневматиците на осомниченото возило), создавање блокади со автомобили и преземање на тешки возила, како што се камиони за ѓубре. Застрелување на возачот е последната опција.
Овој чекор доаѓа по истрагата за смртта на шест лица во јануари 2017 година, кои беа намерно прегазени на улица во Мелбурн.
Во намерно прегазување со возило во Мелбурн се убиени осум лица, а над 50 се повредени.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра


