-->
-->
Полицијата во Скопје изрекла 129 сообраќајни прекршоци, 32 за брзо возење
-->
На територија на град Скопје полицијата вчера изрече вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, една за возење без возачка дозвола, 14 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, соопшти МВР.
Изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал односно црвено светло, три санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата