Свет
5. July 2017 - 9:00

Полицијата во Хамбург прекина собир против самитот Г-20

Германската полиција во Хамбург сношти растера неколку незаконски организирани протести против средбата на лидерите од групата на економски најразвиени земји (Г-20), што во овој град ќе се одржи утре и задутре.

Силите на редот прво го евакуираа и растурија кампот на демонстрантите, кренат во паркот на квартот Алтона.

„Не станува збор за законски митинг, туку за нелегално поставен импровизиран камп во паркот“, соопштија надлежните власти.

Кусо потоа, беше употребен и солзавец.

Едно лице е уапсено, а случаен минувач, кој не учествувал во демонстрациите, бил лесно повреден во полициската акција.