Полицијата влезе во домот на тетовец, еве што пронајде при претресот
Цел арсенал оружје во семеен дом во Тетово. Според информациите од полицијата, вчера Н од 17 до 18,45 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово по предходна судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на М.Б.(33) од Тетово. При претресот на кој присуствувал и неговиот татко Д.Б.(67) во спалната соба пронајдени биле: 49 куршуми калибар 22 милиметри, пиштол „ЦЗ“ калибар 9 милиметри со празна рамка и дозвола за истиот, три патрони за ловечка пушка калибар 16 милиметри, две дозволи за поседување и носење оружје на име Д.Б, 103 куршуми калибар 9 милиметри и еден нож со кожна футрола.
Пронајдените предмети се фотодокументирани и со потврда одземени, а Д.Б. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
