-->
-->
Полицијата вчера во Скопје казни речиси 180 возачи - повеќето од нив возеле пребрзо
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престигнување и престројување.
Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас при возење...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП
-
Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција
-
Во гаража во Белград пронајдено поголемо количество оружје
-
Либански власти: Повеќе од 31.000 луѓе преминале во Сирија во изминатите два дена
-
Вооружен грабеж на комбе со пари во близина на Атина
-
Комисија на Претставничкиот дом: За обидот за атентат врз Трамп виновна е Тајната служба, а не локалната полиција
-
Бајден ги покани лидерите на 50 земји на состанок на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина
-
Дел од Карпош утре без струја