-->
-->
Полицијата вчера во Скопје казни над 160 возачи од кои дури 101 возеле побрзо од дозволеното
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкција, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за возење под дејство на алкохол...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
